фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Ханси Флик: Јамал „еден ден“ ќе ја освои Златната топка

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал е меѓу главните кандидати за добивање на годишната награда за најдобар фудбалер во светот во Париз, Франција, во понеделник.

Тренерот на Барса, Ханси Флик, вели дека шпанската млада ѕвезда Ламин Јамал „еден ден“ ќе ја освои Златната топка.

– Еден ден ќе видиме дека Ламин ќе го добие овој трофеј – рече Флик во саботата кога беше прашан на прес-конференција.

Напаѓачот Јамал, кој наполни 18 години во јули, ѝ помогна на Барселона да ја освои Ла Лига и Купот на кралот минатата сезона и да стигне до полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој, исто така, ѝ помогна на Шпанија да го освои Европското првенство во јули 2024 година.

Јамал е еден од 30-те номинирани за наградата, заедно со соиграчите Рафиња, Педри и Роберт Левандовски. Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембele, се смета за фаворит откако го водеше својот тим до првата титула во Лигата на шампионите.

Флик е номиниран за наградата за најдобар тренер. Аитана Бонмати, победничката во последните две години е една од шесте фудбалерки на Барселона номинирани за Златната топка за жени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот