Принтскирн: Израелски заробеник бакнува член на Хамас

Хамас соопшти дека веројатно нема да го прифати планот на Трамп за Газа

Висок функционер на Хамас изјави за Би-Би-Си дека палестинската група веројатно ќе го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека тој „им служи на интересите на Израел“ и „ги игнорира интересите на палестинскиот народ“.

Неименуваниот функционер рече дека Хамас веројатно нема да се согласи на разоружување, клучен услов на планот на Трамп, и дека се спротивставува на распоредувањето на Меѓународните сили за стабилизација во Газа, сметајќи го за нова форма на окупација.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го прифати планот во Белата куќа во понеделник.

Водачите на Хамас во и надвор од Газа, како и други палестински фракции, учествуваат во разговорите.

Воениот командант на Хамас на терен, Ез ал-Дин ал-Хадад, е решен да продолжи со борбите, додека членовите на Хамас надвор од Газа се маргинализирани бидејќи немаат контрола врз заложниците.

Палестинскиот исламски џихад, кој учествуваше во нападот врз Израел на 7 октомври, го отфрли планот вчера.

Клучна пречка за Хамас е барањето сите заложници да бидат предадени одеднаш.

Жителите на Газа во голема мера го поддржуваат планот, кој би можел да стави крај на војната.

Палестинскиот новинар Фати Саба рече дека отфрлањето од страна на Хамас би значело „зелено светло за Нетанјаху да ја продолжи војната со поддршка на САД и западните земји“.

Како што претходно беше објавено, Трамп вчера изјави дека му дава на Хамас „три до четири дена“ да одговори на мировниот план за Газа што го презентираше претходниот ден со Нетанјаху.

„Нема многу простор за преговори за предлогот. Ќе работиме околу три или четири дена. Ќе видиме како ќе оди. Сите арапски земји потпишаа. Сите муслимански земји потпишаа. Израел потпиша“, рече Трамп додека ја напушташе Белата куќа пред состанокот со високи воени претставници во воздухопловната база Квантико во Вирџинија.

Трамп рече дека ако Хамас не се согласи со договорот, тоа би бил „многу тажен крај“.

„Го чекаме само Хамас, а Хамас или ќе го стори тоа или нема, а ако не го стори, тоа ќе биде многу тажен крај“, рече американскиот претседател Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот