Џабалија напад врз бегалски камп / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Хамас тврди дека во нападите врз бегалскиот камп Џабалија загинале 195 луѓе

Владата на Хамас во Појасот Газа денеска соопшти дека во израелските напади оваа недела врз бегалскиот камп Џабалија, загинале 195 луѓе.

– Жртвите на првиот и вториот масакр во Џабалија надминаа 1.000, вклучително и маченици и повредени, се наведува во соопштението на владата на Хамас.

Во соопштението се посочува дека помеѓу загинатите се 195 маченици, 120 се водат како исчезнати под урнатините и 777 се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот