Хамас и Исламски џихад ослободија уште 8 заложници/Фото: EPA-EFE/MAHMOUD ZAKI -- BEST QUALITY AVAILABLE

Хамас тврди дека Израел ги „крие“ затворениците во Газа

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека Израел „насилно ги крие“ затворениците од Газа и спречува каков било контакт со нив.

Во соопштението што го објави Ал Џезира денес, Хамас изјави дека израелските претставници признале „кршење“ на правата на палестинските затвореници, но дека немало меѓународен одговор.

„Меѓународното молчење ја охрабрува окупацијата да изврши понатамошни кршења на (правата) на палестинските затвореници“, се вели во соопштението.

Хамас го издаде соопштението откако израелската армија ослободи 13 претежно млади затвореници, кои беа притворени од неколку локации во Појасот Газа во текот на изминатите три месеци, објави Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот