Алон Охел, заложник држен од Хамас и Гилбоа-Далал, држен од Хамас - Тајмс оф Израел

Хамас објави видео со српски заложник

Хамас објави пропагандно видео од двајца заложници во Газа, меѓу кои е и српскиот државјанин Алон Охел (22), кој е држен во заробеништво речиси две години, јавува Нова.рс.

Видеото прво го прикажува израелскиот заложник Гај Гилбоа-Далал како вози низ градот и вели дека е киднапиран 22 месеци, додека камерата ги прикажува уништените згради.

На крајот му се придружува Алон Охел, а двајцата се прегрнуваат и, видливо изненадени, повторуваат како не можат да поверуваат дека повторно се гледаат.

Тоа е ретко видео од заложниците на Хамас, кое ги прикажува над земја.

Видеото наводно е снимено на 28 август и објавено точно на 700-тиот ден од војната, во време кога низ Израел се одржуваат протести со кои се бара договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Според израелските медиуми, семејството на Алон Охел потврдило дека тој е на видеото, но не дало дозвола медиумите да го објават видеото.

Ова е прв пат да се објави видео на кое се гледа Алон Охел во заробеништво. Неговото семејство претходно добило само еден знак дека е жив – за време на прекинот на огнот во февруари, кога ослободените заложници рекле дека се држат со него. Потоа неговата мајка рекла дека ѝ било кажано како нејзиниот син бил врзан во тунел на Хамас, гладен и имал неколку нелекувани повреди, пишува „Тајмс оф Израел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот