Хамас во Газа/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Хамас го прифаќа предлогот за прекин на огнот и ослободување на заложниците

Палестинската милитантна група Хамас го прифати предлогот за прекин на огнот и ослободување на заложниците, кој вчера ѝ беше презентиран од меѓународните посредници, јавија светските медиуми.

Станува збор за ревидирана верзија на претходниот предлог од Хамас, изјавил извор од групата за „Ал Џазира“.

Претходно денес, каналот Ал Арабија објави, повикувајќи се на добро информиран извор, дека Хамас го доставил својот одговор до посредниците, „потврдувајќи дека Хамас и фракциите се согласиле на нов предлог за прекин на огнот без да бараат никакви измени“.

Палестински функционер изјави дека посредниците предложиле почетно 60-дневно примирје и ослободување на двајца заложници.

Според саудискиот телевизиски канал, новиот предлог е компромис помеѓу целосен крај на војната и привремено примирје. Планот вклучува ослободување на заложниците, како и постепено повлекување на израелската армија (ИДФ) од Газа.

Засега нема официјална потврда од израелска страна, додека меѓународните посредници од Катар и Египет продолжуваат со интензивните преговори за постигнување конечен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот