
Хакерите се огласија на Твитер
Македонска група на хакери, кои засега остануваат анонимни, ги хакираше веб сајтовите на Министерството за здравство и Министерството за образование.
Препорачано
Од Министерството за здравство соопштија дека се хакирани и мејловите на сите нивни вработени, но анонимните хакери преку Твитер ги демантираа.
– Здраво на сите, едно мало известување за вчерашниот напад.
МкдОпс во ниту еден момент не го загрози маил серверот на здравство, само направивме екстракт на мејловите. Сајтовите и маил серверот се изгасени од страна на шалабајзерите што се систем админи во тие министерства – се вели во соопштението на МкдОпс објавено на Твитер.
Хакерите исто така застанаа за нападот на „Тајм.мк“ на денот на изборите, а неодамна ги имаа хакирано и веб сајтовите на пејачките Дуа Липа и Рита Ора.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат активности за откривање кој стои зад анонимните хакери. Портпаролот, Тони Ангеловски, рече дека не знае дали АнонОпсМКД се тие кои ја хакирале и страницата на ДИК и агрегаторот за вести „Тајм.мк“, иако самите хакери го признаа тоа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5