
Гувернерот на Флорида стави крај на „корпоративното кралство“ на „Волт Дизни Ворлд“
Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис синоќа потпиша нацрт-закон со кој се презема контролата на специјалната даночна област околу „Волт Дизни Ворлд“, која половина век му дозволуваше на „Волт Дизни Ко“ да работи со висок степен на автономија, пренесува „Ројтерс“.
Препорачано
„На корпоративното кралство конечно му дојде крајот“, рече Де Сантис за време на прес-конференција.
Републиканците минатата година го нападнаа „Дизни“ откако компанијата јавно се судри со ДеСантис, за кој се смета дека ќе се кандидира за претседател во 2024 година, поради законот со кој се ограничува наставата во училницата за пол и сексуална ориентација, познат од неговите противници како „Не кажувај геј“ мерки.
Во март, тогашниот главен извршен директор на „Дизни“, Боб Чапек, јавно изрази разочарување од нацрт-законот за ограничување на дискусијата за ЛГБТИ во училиштата, велејќи дека го повикал Де Сантис да му ја изрази загриженоста поради тоа што тој потег ќе стане закон.
Како потег што политичките набљудувачи го сметаа за одмазда за ставот на „Дизни“ за мерката „Не кажувај геј“, пратениците од Флорида овој месец усвоија закон, кој ДеСантис го потпиша, со кој се овластува гувернерот да назначи пет надзорници да ги надгледуваат традиционалните општински услуги, како заштита од пожари, јавни комунални претпријатија, собирање отпад и одржување на патиштата во регионот каде што работи „Дизни Ворлд“.
„Имаме ситуација која во основа беше неодбранлива од политичка перспектива“, рече ДеСантис. „Како да му дадете на еден тематски парк своја влада, а потоа да ги третирате сите други тематски паркови поинаку? Ние веруваме дека тоа не беше добра политика.
Говорниците на церемонијата на потпишување на законот вклучија и родител кој го критикуваше „Дизни“ што зборуваше против законот за образование на државата, велејќи дека компанијата „ја избрала погрешната страна на моралниот аргумент“. Друго лице кое се идентификуваше како долгогодишен вработен во забавниот парк на „Дизни“, се спротивстави на политиките на компанијата во врска со вакцинирањето.