Фото МИА.мк

Густа магла на патот Тетово-Попова Шапка

Поради магла, вечерва е намалена видливоста до 30 метри на патот Тетово-Попова Шапка, од селото Лисец до зимскиот туристички центар, соопшти „Македонијапат“.

Од претпријатието велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони.

Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од јавното претпријатие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот