Министерството за надворешни работи на Грузија во Тбилиси / Фото: Wikimedia Commons / Welaskesi

Грузиските проруски власти ја обвинија Германија дека се меша во внатрешните работи на земјата

Властите во Грузија предводени од проруската партија „Грузиски сон“ го повикаа германскиот амбасадор за да побараат објаснување за наводно германско мешање во внатрешните работи на кавкаската држава, пренесе „Ројтерс“.

„За време на состанокот, амбасадорот беше потсетен дека, согласно член 41(1) од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, членовите на дипломатска мисија се обврзани да ги почитуваат законите и прописите на државата-домаќин и исто така се бара од нив да не се мешаат во внатрешните работи на земјата-домаќин“, пишува во соопштението на грузиското министерството.

„Грузиската страна изрази загриженост во врска со обидите за поттикнување на радикална агенда во земјата, кои се неконзистентни со принципите на демократијата и придонесуваат за влошување на општествената поларизација“, се додава во соопштението.

Германското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата, опишувајќи го повикот како „неоснован“.

„Цврсто ја отфрламе континуираната агресивна реторика на претставниците на (владејачката партија) „Грузиски сон“ кон германскиот амбасадор во Тбилиси“, напиша Министерството во објава на социјалната мрежа „Блускај“.

Според германското Министерство за надворешни работи, Фишер „ја претставува позицијата на Сојузната влада и постапува во целосна согласност со Виенската конвенција“.

Ова доаѓа откако грузискиот премиер Иракли Кобахидзе јавно го обвини Фишер за мешање во внатрешните работи на земјата пред две недели.

„Фишер е толку трагична фигура што неговото протерување би било благослов“, изјави Кобахидзе за новинската агенција „Интерпресњуз“.

Германскиот дипломат привлече критики поради присуството на судски рочишта против членови на опозицијата. Фишер се соочи со неодобрување од грузиската влада откако изнајми куќа од опозициски политичар.

Грузија се наоѓа на крстопат меѓу ЕУ и Русија на клучни, тензични избори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот