Полиција / Фото: МВР

Групна тепачка близу бензиска пумпа во Карпош – еден приведен, во пресметката учествувал и малолетник

Рано утрово околу 05:00 часот на бензинска пумпа на подрачјето на Карпош било пријавено дека пет лица на возраст од 17 до 24 години се претепале пред бензиската и го нарушиле јавниот ред и мир, информираат од полицијата.

Според информациите на МВР, во инцидентот учествувале А.М. (23), Ј.Б. (22) и Т.Н. (24) од една страна, и Х.Ш. (19) заедно со 17-годишен малолетник, од друга страна, сите од Скопје.

По пријавата, полицијата го привела 23-годишниот А.М., а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот