
Груби ќе подели 20 милиони денари на невладини организации
Дополнителни 15 милиони денари се на сметката на Генералниот секретаријат на Владата за истата цел.
Од годинава и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците (МПСОЗ) ќе има буџет од 20 милиони денари кои ќе бидат наменети за невладини организации. Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество побарало од МПСОЗ да учествува при распределбата на парите, но досега не добил повратен одговор. Дополнителни 15 милиони денари се на сметката на Генералниот секретаријат на Владата за истата цел.
Препорачано
– Советот се понуди да му помогне на Министерството околу дефинирање на приоритетите и програмирање на средставата, дизајнирање на јавниот оглас и учество во селекцијата за доделување. Одговор уште немаме и не знаме како тоа ќе оди – изјави за „Слободен печат“ Фани Каранфилова Пановска, претседателка на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.
Генералниот секретаријат на Владата во моментов располага со 15 милиони денари наменети за 463 трансфери кон невладини организации
– Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја усвои програмата за финансирање со која што треба да се реализира овие 15 милиони денари од генералниот секретариат и истата би требалао да биде усвоена од Владата. За жал, на последниот генерален колегиум на државни секретари точката беше симната од дневен ред, по што Советот реагираше со барање програмата да се усвои, зашти иако парите ги има на сметката, ништо не е конечно – информира Каранфилова Пановска.