Фото: Влада на РСМ

Груби: Јазикот и идентитетот не може да се спорат со политички спорови и договори

Нашата работа, вели тој, посветена на остварување на европскиот сон треба да биде ценета и наградена и, како што додава, „да не биде заложник од архаични методи на блокирање од пред два века”.

Денес, кога го одбележуваме Денот на словенската писменост, се соочуваме со предизвици кои како држава мора да ги надминеме и да го откочиме патот кон европската иднина. Азбуката, јазикот, културата и етничката припадност се вредности што не можат да се спорат со политички договори или спорови, како за луѓето воопшто, но и за државата како целина, a за тоа најдобро сведочи историјата, порача првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во честитката по повод 24 Мај, Ден на Свети Кирил и Методиј.

Нашата работа, вели тој, посветена на остварување на европскиот сон треба да биде ценета и наградена и, како што додава, „да не биде заложник од архаични методи на блокирање од пред два века”.

– Европа е континент на разновидност и почитување на разликите и Унијата мора да се консолидира како фактор на донесување одлуки и лидер во почитување и интеграција на континенталната целина и правото на самоопределување, се вели во честитката од Груби.

Славиме заедно, додава тој, и ништо не го спречува ова заедничко обележување, „исто како што ништо не треба да го спречува отворањето на преговорите за членство во Европската Унија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот