
Груби бил ставен на „стоп листа“ по наредба на Обвинителство, велат од МВР
Поранешниот вицепремиер Артан Груби бил ставен на „стоп листа“ по на наредба на Обвинителството и Министерството за внатрешни работи согласно Закон има право да стави на лице на оваа листа и без наредба на Обвинителство, велат од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ откако во јавноста се отвори прашањето дали Груби можел да биде ставен на оваа листа без судска наредба.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Лицето за кое прашувате е ставено на т.н. „стоп листа“ по Наредба на ОЈО. Во однос на значењето на т.н. „стоп листа“, истата сигнализира дека одреденото лице не смее ја премине државната граница.
МВР согласно Закон има право да става лица на т.н. „стоп листа“ и без Наредба од ОЈО. Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство имаат законски овластувања во текот на претходната постапка да ги обезбедат лицата и доказите, без притоа да ги нарушат правата на лицата за кои постои сомнение дека сториле кривично дело, ни изјавија од МВР.
Професорот Гордан Калајџиев коментирајќи објави дека полициските службеници не можеле да го спречат и дека оваа листа е во спротивност на Уставот и Законот за кривична постапка.
-Груби не можел да биде приведен при преминување на границата без судска одлука. Полициските мерки како “стоп листа” или распис се во спротивност со Уставот и ЗКП!, објави Калајџиев.