Фото EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Грета Тунберг уапсена во Германија, протестираше против проширување на рудник за јаглен

Климатската активистка Грета Тунберг е меѓу приведените активисти за климатски промени за време на протестите во селото Лицерат, кои станаа насилни откако полицијата дојде да ги растера активистите собрани во селото.

Лицерат ќе биде целосно урнат, а во околината ќе се проширува отворениот рудник за јаглен Гарцвајлер, планираат властите.

Тунберг, којa им се придружи на демонстрантите во петокот, беше видена како седи сама во голем полициски автобус откако беше приведена, изјави сведок за Ројтерс.

„Грета Тунберг беше дел од група активисти кои се упатија кон полицата. Таа беше запрена и изнесена од оваа група надвор од непосредната област за да се утврди нивниот идентитет“, изјави портпаролот на полицијата во Ахен за Ројтерс, додавајќи дека еден активист скокнал во рудникот.

Сè уште не е јасно што ќе се случи со Тунберг или со групата со која беше приведена, ниту дали активистот што скокнал во рудникот е повреден, рече портпаролот.

ВИДЕО: Жесток судир на активисти и полицијата во Германија, повредени се 70 специјалци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!