
Грција ја победи Финска во „малото финале“ и првпат по 2009 година освои бронза
Кошаркарската репрезентација на Грција го освои бронзениот медал на Светското првенство, откако денеска во Рига славеше во малото финале против Финска со резултат 92:89. Ова е прв медал за Грците на едно големо натпреварување по пауза од 2009 година.
Препорачано
Од самиот старт Грција го наметна својот ритам и доминираше на двете страни од теренот. По првата четвртина имаа предност од девет поени, а истото темпо го одржаа и до полувремето и на одмор се замина со резултат 48:34 во корист на „хелените“.
Во второто полувреме Финците успеаја да го запрат налетот на Грција и постепено се враќаа во игра, но и покрај тоа, пред стартот на последната четвртина разликата сè уште беше убедлива, 13 поени за Грција.
Токму последните десет минути донесоа вистинска драма. Финска целосно проработе во нападот и ја доведе во прашање победата на противникот, но недостигаше малку и сила и време за целосен пресврт.
Најдобар во редовите на Грција беше Јанис Адетокумбо со блескав дабл-дабл ефект од 30 поени и 17 скокови, а солидна поддршка имаше од Тајлер Дорси кој реализираше 20 поени. Кај Финците се истакна Лаури Марканен со 19 поени и 10 скокови, додека Валтонен додаде уште 18 поени.
Инаку, големото финале за златниот медал и титулата светски првак се игра вечерва од 20:00 часот, а за шампионскиот трофеј ќе се борат селекциите на Германија и Турција.