
Грција: Брат и сестра го убиле таткото на спиење за 12.000 евра
66-годишен жител на грчкиот остров Евија бил убиен од неговиот син, ќерката и зетот, кои потоа се обиделе да го прикријат злосторството со палење докази, јавува „Катимерини“. Сите тројца за време на испрашувањето во полиција го признале убиството.
Препорачано
Грозоморниот случај ја потресе Грција, откако се дознаа морничавите детали од злосторството.
Несреќниот човек бил задушен со перница, а тројцата млади луѓе потоа се обиделе да го прикријат злосторството – тие го соблекле убиениот, му ставиле нож во раката и телото го префрлиле под скали кои водат во подрумот на куќата.
Тогаш 22-годишниот син повикал полиција и пријавил дека таткото се обидел да го силува, додека другите двајца наводно ја запалиле перницата со која го извршиле делото. Приказната за силувањето не се поклопувала со доказите кои инспекторите ги нашле на местото на настанот, поради што веднаш почнале да се сомневаат во исказот на синот.
Полицијата се обидува да го утврди мотивот за бруталното злосторство, а првичните сомнежи се дека таткото бил убиен од користољубие, поточно поради 12.000 евра, кои биле пронајдени во куќата во која живеел, пишува „Катимерини“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
5мин
-
13мин
-
18мин
-
25мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5