
Грчкиот премиер Мицотакис во посета на Израел
Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис пристигна во Израел, каде наскоро во Ерусалим ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопштија утрово од кабинетот на грчкиот премиер.
Препорачано
Мицотакис во Израел ќе биде неколку часа и се очекува попладне да се врати во Атина.
Денешната посета на грчкиот премиер не беше претходно најавена, иако беше очекувано дека во некој момент ќе се реализира, со оглед на тоа што минатата седмица беше откажана од безбедносни причини.
Во саботата, Мицотакис учествуваше на Самитот за мир во Каиро од каде што порача дека „ниту една воена интервенција не може да замени остварливо политичко решение“, ја повтори грчката позиција дека Израел има право на самоодбрана, но во согласност со меѓународното и хуманитарното право и истакна дека Грција е во координација со партнерите од ЕУ и подготвена е да придонесе за секоја мировна иницијатива.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
22мин
-
32мин
-
44мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5