Фото: Wikipedia / G Da

Грчката влада ја лансираше апликацијата „MyStreet“ – граѓаните ќе учествуваат во подобрување на јавните простори

По моделот на апликацијата „MyCoast“ за нерегуларности на плажите, грчката Влада воведува нова апликација „MyStreet“ за градовите, која е дигитална алатка што на граѓаните им овозможува да бидат информирани, активно да учествуваат и да придонесат за зачувување на законитоста и транспарентноста на јавните простори.

Од неофицијалното пуштање на апликацијата во оптек, во период од 20 дена колку што е во функција, над 9.000 граѓанин ја инсталирале и веќе биле поднесени 1.273 поплаки.

Овие првични резултати од „MyStreet“ денеска му беа презентирани на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на состанокот во палатата Максимос, , пишува Товима.

Освен што нуди практични информации како што се места за паркирање, станици за полнење електрични возила и локации на дефибрилатори, апликацијата „MyStreet“ им овозможува и на корисниците да пријават прекршоци со кои се соочуваат на јавни простори.

За време на состанокот, Мицотакис ја нагласи потребата од соработка меѓу општините, повикувајќи ги да ги интегрираат своите податоци во платформата за да ја направат апликацијата поефикасна. Тој, исто така, изрази надеж дека дополнителни корисни информации ќе бидат вклучени во идните ажурирања, како што се пристапни рампи за лица со попреченост, подетални списоци на дефибрилатори и назначени места за собирање во итни случаи.

Преку интерактивни мапи, корисниците можат да пристапат до широк спектар на услуги и информации, вклучувајќи јавни простори – детали за активните договори за закуп, вклучувајќи ја површината, времетраењето и границите на доделената област, потоа точки за полнење електрични возила односно локации на достапни полначи, заедно со детали за добавувачот и капацитет за полнење. Потоа, точки за собирање во итни случаи: јасно обележани безбедни зони во случај на природни катастрофи или други вонредни состојби, а наскоро ќе бидат достапни и информации за слободни паркинг места за лица со попреченост и локациите на инсталирани дефибрилатори.

Доколку корисникот сака да поднесе жалба, едноставно го избира соодветниот вид прекршок од листата – на пример, прекумерна употреба на јавен простор од страна на кафулиња и ресторани или блокиран пристап за инвалидски колички.

Откако ќе се пополни формуларот, корисниците можат да одлучат дали да го поднесат пријавата анонимно или под нивно име.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот