фото: РФМ

Грчевски повика 20 ракометарки за настапот на „Трофеј Македонија“

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објавува списокот на ракометарки повикани за собир и подготовки за претстојната женска ЕХФ национална недела во период од 15 до 21 септември 2025 година.

Во рамки на претстојната женска ЕХФ национална недела нашата селекција ќе настапи на „Трофеј Македонија“ кој ќе се одржи во периодот од 18 до 20 септември.

Како што претходно најавија од РФМ, на „Трофеј Македонија“ ќе настапат селекциите на Тунис, Египет, Грција и Македонија.

Распоред и термини на натпреварите:

18.09.2025 – Четврток

18:15 часот Грција – Египет
20:30 часот Македонија – Тунис

19.09.2025 – Петок

18:15 часот Тунис – Грција
20:30 часот Македонија – Египет

20.09.2025 – Сабота

14:00 часот Египет – Тунис
16:30 часот Македонија – Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот