Премирот Димитар Ковачевски / Фото: Фејсбук

Граѓаните да бидат спокојни од економски аспект, порача Ковачевски

Не може да се предвиди како ќе се одвива војната во Украина, но граѓаните треба да се спокојни и од безбедносен и од економски аспект, вели премиерот Димитар Ковачевски.

-Со оваа војна сфаќаме колку беше правилна нашата одлука да се пристапи кон најголемиот воен безбедносен и одбранбен сојуз во светот. Нашата земја е безбедна, нашите граници се НАТО граници и од тој аспект никој не треба да има дилема дали нешто може да ни се случи, истакна Ковачевски во интервју за новогодишниот број на неделникот „Фокус“.

Прашан за состојбите во Косово, премиерот смета дека решението е во дијалогот меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ. Сите страни, според него, треба да се однесуваат во насока на воспоставување мир на северот на Косово.

Ковачевски зборуваше и за актуелната енергетска криза, како и за плановите и проектите на Владата во наредниот период. Премиерот меѓу другото, потенцира дека „како граѓанин очекува да имаме функционална судска власт и очекува правда”. Тој се осврна и на пресудата за случајот со масовното прислушкување.

-Владата не може да се меша во судската власт. На правосудниот систем му останува низ транспарентен процес да им објасни на граѓаните за одлуките што ги носи и да работи на унапредување за да се зголеми довербата на граѓаните и да се обезбедат фер услови сите граѓани да бидат еднакви пред Уставот, .

Во врска со посетата на тимот од САД поврзано со случаи на корупција, премиерот вели дека со нив не се сретнал, но дека „искуствата што ги имаат ЕУ и САД се од огромно значење и се добредојдени”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот