Фото: Општина Ѓорче Петров

Градинка за стотина деца започна да се гради во Стопански Двор

Во населбата Стопански Двор во општина Ѓорче Петров денеска започна изградба на нова детска градинка во која ќе можат да се згрижат стотина деца. За нејзината изградба обезбедена е нова локација за објектот со површина од 415 метри квадратни на приземје и 483 метри квадратни на прв кат.

 Ветив пред граѓаните решавање на проблемот со недостиг на капацитети за упис на деца во градинките и токму тоа го остваруваме. Насочени сме кон целосна елиминација на списоците на деца кои чекаат за упси во детските градинки во Ѓорче Петров – изјави градоначалникот Александар Стојкоски.

Дечињата на возраст  до 2 години ќе бидат сместени во две групи на приземјето на градинката. Првиот кат е предвиден за поголемите дечиња кои дневните програми ќе ги поминуваат во 4 занимални, односно вкупно 6 занимални заедно со јаслите, поделени на два ката. Како што посочуваат од Општината, објектот ќе биде граден по најмодерни стандарди и ќе опфаќа и заедничка занимална, повеќенаменски простор, просторија за изолација и просторија за индивидуална работа, гардеробер, кујна, санитарни простории и отворена занимална.

Инвестиравме и во други нови капацитети за предучилишна возраст. Новоотворената градинка „Сонце“ во Волково е доказ дека работиме во насока на згрижување на сите дечиња по светски стандарди и на внимателно одбрани локации, предвидени за објеки за најмладите. Ја проширивме и градинката „Детелинка“ со две нови простории во кои згриживме 150 деца, рече Стојкоски.

Изградбата на новата детска градинка во Стопански Двор е инвестиција на Владата во вредност од 60 милиони денари. На поставувањето на камен-темелникот денеска присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, како и неколку министри.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот