Град Скопје ќе го плати чартерот за ракометарите

Ракометарите на Вардар нема да пристигнат во 16.15 часот, туку нивното доаѓање на аеродромот Скопје се очекува околу 18.50 часот. Тие ќе допатуваат со специјален чартер лет кој го обезбеди Град Скопје, кој за оваа намена одвои 39.500 евра.

„ По мое барање и предлог, советот на Град Скопје ќе гласа ракометарите на шампионскиот Вардар да бидат донесени дома со посебен чартер лет, финансиран од Град Скопје“, изјави Шилегов на седницата на советот на Град Скопје.

Според предвидениот план, ракометарите ќе полетаа околу 16.30 часот, а нивното слетување се очекува околу 18.50 часот по што веднаш ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“, каде ќе биде организирана заедничка прослава на втората европска титула на „црвено-црните“.
Град Скопје одлучи да ги награди ракометарите со 6.000.000 денари, кои за триумфот во Келн од страна на ЕХФ добија 500.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!