фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Готово: ПСЖ има нов тренер, тоа е човекот кого не можеа да го победат минатата сезона

Актуелниот француски шампион ПСЖ вечерва го реши прашањето околу новиот тренер, тоа е Кристоф галтие кој минатата сезона на предводеше екипата на Ница.

Сите релевантни медиуми и извори потврдија дека вечерва се договорени сите детали, ПСЖ ќе плари околу 10 милиони евра отштета на Ница.

Откако пропаднаа преговорите со Зинедин Зидан да биде новиот предводник на екипата, спортскиот директор Луис Кампос го одреди Галтие како наследник на Маурисио Покетино.

Кампос добро ги знае квалитетите на Галтие, тие двајца соработуваа во Лил кога ја освоија титулата во Лига 1, а тренерот минатата година со Ница во трите натпревари против ПСЖ успеа да остане непоразен и притоа да не прими ниту еден гол.

Галтие во кариерата водеше само три француски клуба, Сент Етјен, Лил и Ница.
Откако ја заврши работата со изборот на нов тренер, Кампос целосно ќе се фокусира на првите две засилувања, а тоа ќе бидат, Милан Шкринијар и Ренато Санчез.

Стоперот на Интер треба да биде предводник на одбраната заедно со Маркињос, а за Шкринирај да се пресели на „Паркот на принцевите“ потребно и ПСЖ да плати околу 70 милиони евра отштета.

Со второто засилување би требало да одат полесно работите бидејќи ПСЖ му нуди 20 милиони и бонуси на Лил за Санчез. Оваа понуда е поголема тоа што го нуди Милан, 15 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот