
Гостивар работи со полна пареа: По Глишиќ пристигнаа уште две засилувања
Екипата на Гостивар која денес порано го потврди ангажманот на екс-фудбалерот на Вардар, Дарко Глишиќ потврди дека потпишале договор со уште двајца нови фудбалери.
Препорачано
Нов член на амбициозниот прволигаш е Мевљан Мурати. Мурати во Гостивар пристигнува од редовите на Работнички, а најдлабока трага остави во Шкендија со која освои три титули и еден Куп трофеј.
Освен Шкендија, Мурати настапуваше уште за Ренова и Шкупи, а надвор од границите на Македонија беше дел од Партизани и Тирана. Ќе потсетиме, тој беше дел и од „златната генерација“ на фудбалери до 21 година кои настапија на младинското Европско првенство.
Покрај Мурати договор со Гостивар потпиша и искусниот дефанзивец Константин Чешмеџиев.
Чешмеџиев во Гостивар доаѓа од саудискиот Хаџер, претходно настапуваше за Работнички, Шкендија, Пелистер, Шкупи, Брера, Македонија Ѓорче Петров, а од интернационално искуство играше за клубови од БиХ, Бугарија и Албанија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
59мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5