Фото: Brera Strumica

Горзад Михаилов повеќе не е тренер на Брера

Eкипата на Брера Струмица преку социјалните мрежи информираше дека се разделува со тренерот Горзад Михаилов.

На клупата на Брера Михаилов пристигна на почетокот на септември на местото на Бојан Круљ, но откако не ги оправда очекувањата раководството се одлучи за промена.

„Со својот професионален пристап, кредибилитет и авторитет Михаилов успеа во изминатиот период да ја стабилизира играта на нашиот прв тим но и да даде можност, десетина млади фудбалери од нашиот малдински погон да ја почуствуваат тежината и одговорноста во Првата лига. Горазд Михаилов заедно со Темелков, Атанасов, Коцев и Шопов и беа главните мотиватори и стожери на сениорскиот состав во нашиот клуб.

Под негово водство, сениорите во есенскио дел и покрај сите турбуленции прокнижа четири победи и исто толку нершени исходи и шест порази. Направија посебна фузија меѓу искусните и младите на Брера Струмица за што посебно сме благодарни.

ФК Брера му искажува голема благодарност на Михаилов кој иако беше кус период во нашиот клуб остави голема печат со својот професионален однос. Му посакуваме со успех да продолжи да ја гради својата кариера“, објави Брера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот