фото: EPA-EFE/David Ramos

Голманот на ПСЖ Серхио Рико излезе од болница по 82 дена борба за живот

Шпанскиот голман Серхио Рико (29) ја напушти болницата во Севиља по два и пол месеци од тешката трагедија кога го удри коњ. Се бореше за живот, дури беше на интензивна нега и во кома поради повреда на мозокот, но успеа да го добие најважниот меч.

Сега Рико има причина за насмевка бидејќи добил дозвола од докторот да ја напушти болницата и да го продолжи опоравувањето дома во друштво на своите најблиски.

– Ова е сон, фала Богу што излегов – биле првите зборови на Рико по излегувањето од болница во друштво на сопругата Алба, а пренесува „Марка“.

Шпанскиот голман вели дека се чувствува добро, но ќе му треба уште неколку месеци одмор и не е познато кога би можеле да го видиме назад на теренот.

Договорот на Рико со ПСЖ е обврзувачки до летото 2024 година. На „Паркот на принцовите“ пристигна во 2019 година, а претходно бранеше за Севиља, Фулам и Мајорка.

Дебитирате за најдобрата шпанска репрезентација во 2015 година во пријателскиот натпревар против Јужна Кореја (6:1) во Салцбург, Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот