фото: aba-liga.com/Dragana Stjepanovic

Големи промени во АБА лигата: 20 клубови, нов формат и милионски награден фонд

Почнувајќи од следната сезона, дури 20 екипи ќе се натпреваруваат за титулата шампион во АБА кошаркарската лига. Нов формат и променет систем на натпреварување, рекорден награден фонд и влез на нови пазари подготви АБА за следната сезона, открива „Арена Спорт“.

Нови учесници во регионалната лига ќе бидат Виена од Австрија, Клуж од Романија, а се чека конечната одлука за актуелниот победник на Еврокупот и нов тим од Евролигата, Хапоел Тел Авив. Доколку АБА се согласи Хапоел да ги игра своите домашни натпревари во Израел, следната сезона ќе видиме дури четири екипи од Евролигата во регионалната лига.

Нов формат

Екипите ќе бидат поделени во две групи од по 10 екипи. Играта ќе се игра во систем од две рунди – секој против секого. Првите пет екипи од секоја група продолжуваат во Топ 10, додека останатите продолжуваат со натпреварувањето во плејофот. Поените од првата фаза се пренесуваат во втората.

Ф4 турнир

Воведувањето Фајнал-фор турниро по моделот на Евролигата исто така се разгледува сериозно. Целта е јасна – дополнително да се зголеми професионализмот и спектаклот, а воедно да се привлечат спонзори и поширока публика, пишува „Арена“.

Рекордна награда

Победникот на АБА лигата ќе освои награда од еден милион евра, што претставува огромен чекор напред во споредба со претходната пракса.

Учесници:

1. Црвена звезда (Србија)
2. Партизан (Србија)
3. ФМП (Србија)
4. Мега (Србија)
5. Борац (Србија)
6. Спартак (Србија)
7. Будуќност (Црна Гора)
8. СЦ Дерби (Црна Гора)
9. Цедевита Олимпија (Словенија)
10. Крка (Словенија)
11. Задар (Хрватска)
12. Сплит (Хрватска)
13. Игокеа (Босна и Херцеговина)
14. Дубаи (Обединети Арапски Емирати)

Нови учесници:
1. Босна (Босна и Херцеговина)
2. Илирија (Словенија)
3. Клуж-Напока (Романија)
4. Виена (Австрија)
5. Хапоел Тел Авив (Израел) сè уште под знак прашалник

Следните тимови испаднаа од АБА лигата:
1. Цибона (Хрватска)
2. Морнар (Црна Гора)

Кои сè уште имаат шанса да се вратат со купување на „вајлд карта“ (специјална покана), така што сè уште има едно потенцијално отворено место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот