
Големи отпуштања во Гугл, нудат отпремнина на вработените во клучните оддели
Гугл повторно понуди отпремнина за вработените во неколку свои оддели, вклучувајќи го Одделот за знаење и информации, Централниот инженеринг и тимовите за маркетинг, истражување и комуникации, објави CNBC. Одделот за знаење и информации ги вклучува клучните деловни единици како што се Google Search, Ads и E-Commerce. Најновата рунда отпуштања е продолжение на серијата отпуштања што Google ги спроведува од јануари 2023 година, кога отпушти 12.000 луѓе. Сè уште не е познато точно колку вработени се засегнати од тековната понуда.
Препорачано
Програмата за доброволно заминување се однесува на вработените во Соединетите Американски Држави.
„Порано оваа година, некои од нашите тимови започнаа програма за доброволно отпуштање за вработените во Соединетите Американски Држави, а сега ја прошируваме дополнително за да ја поддржиме важната работа што претстои“, изјави портпаролката на Google, Кортни Манчини, во изјава за CNBC.
Околу 20.000 вработени моментално работат во Одделот за знаење и информации. Во октомври, во тој оддел беше спроведена реорганизација, по што менаџерот на Google, Ник Фокс, го презеде неговото управување. Во интерно писмо вчера, Фокс им порача на вработените внимателно да размислат за тоа што ќе одлучат.
„Сакам да бидам апсолутно јасен: Ако вашата работа ве возбудува, ако се чувствувате енергични од предизвиците што претстојат и ако добро ја работите вашата работа, искрено се надевам дека нема да се согласите на пакет отпремнина! Имаме амбициозни планови и многу работа пред нас“, напиша Фокс. „Од друга страна, оваа програма нуди поддршка и достоинствен излез за оние кои не се чувствуваат усогласени со нашата стратегија, не се мотивирани од своите задачи или им е тешко да се справат со очекувањата од работата.“
Гугл „вработува“ 200 кози да им ги одржуваат тревниците и да го отстрануваат плевелот
Во исто време, финансискиот директор на Google, Анат Ашкенази, најавува дополнителни мерки за заштеда, особено во контекст на планираните инвестиции во инфраструктура за вештачка интелигенција во 2025 година. Google исто така го менува својот внатрешен образовен систем, и наместо сегашните општи програми, платформата ќе се фокусира повеќе на едукација на вработените за употребата на модерни алатки за вештачка интелигенција во нивната секојдневна работа, пишува CNBC. Доброволните отпуштања се чини дека стануваат претпочитан начин за намалување на бројот на вработени во Google. Во текот на 2024 година, компанијата понуди отпуштања во неколку наврати, вклучително и во јануари во рамките на одделот за уреди и платформи и хардвер – (Платформи и уреди), кој вклучува 25.000 вработени со полно работно време кои работат на развој на Android, Chrome, Google Photos, Pixel уреди и други производи. Во февруари, на вработените во човечки ресурси, по што следуваа правни и финансиски тимови, потврди Google, им беше понудена отпремнина.
Како дел од овие отпремнини, вработените на средно и вишо ниво можеа да добијат до 14 недели целосна плата, со дополнителна недела за секоја година стаж. Во своето писмо од вчера, Ник Фокс рече дека внимателно ги следел искуствата на другите оддели со пакетите за отпремнини и одлучил за својата понуда по позитивните повратни информации од тие тимови.
Во исто време, новата практика на решавање на проблемот со отпуштањата е исто така „поправка на угледот“ бидејќи откако Google одеднаш отпушти шест проценти од своите вработени во јануари 2023 година, довербата во компанијата се намали. Во тоа време, многу вработени, вклучително и оние со долг работен стаж, добри оценки и оние на боледување или породилно отсуство, го изгубија пристапот до системите без претходна најава, предизвикувајќи незадоволство и недоверба. Менаџментот подоцна призна дека овие отпуштања имале негативно влијание врз моралот на вработените.
Некои вработени оваа година ја пофалија одлуката прво да им се понуди на луѓето излез преку отпремнина наместо директно отпуштање. Сепак, со објавувањето на отпремнината често доаѓа и ново барање, а во овој случај станува збор за враќање во канцеларија или хибридна работа, пишува CNBC. Уште во април, Google побара од некои од своите вработени на далечина, оние кои живеат во радиус од 50 милји, да се вратат во физичките канцеларии ако сакаат да ги задржат своите работни места и да избегнат да бидат