Голема журка со Пол ван Дајк во паркот „Авионче”, се очекуваат 10.000 посетители

Музичарот Пол ван Дајк утревечер ќе настапи во паркот „Авионче” покрај кејот на Вардар во Општина Аеродром. Неговиот настап се очекува да почне во 22 часот, а од 19 часот ќе настапат неколку познати македонски диџеи. При крај на концертот ќе има специјален огномет.

Општина Аеродром е дел од светската турнеја „Music Rescues Me” на Пол ван Дајк, во чии рамки тој го промовира својот нов албум. Се очекуваат околу 10.000 посетители од земјава и од регионот, кои ќе имаат можност да уживаат во неговите нови хитови.

„За потребите на овој голем настан ќе биде поставена бина по светски стандарди, надополнета со посебни ефекти, врвно озвучување и уникатно осветлување, кое е карактеристично за настапите на Пол ван Дајк“, соопшти Општина Аеродром.

Од Општина Аеродром ги покануваат граѓаните да бидат дел од целовечерната забава што е од отворен карактер со бесплатен влез и ги потсетуваат дека препорачливиот дрес-код е во сино-бела боја за уште поубав амбиент.

Греми номинираниот Пол ван Дајк два пати е прогласен за број 1 диџеј во светот според реномираното списание „DJ Mag”, нешто што досега само неколку диџеи успеале да го постигнат во својата кариера. Тој е дел од фестивалот „BACK 2 school WEEK” што девет дена се одржува низ парковите во Општина Аеродром, каде настапуваат голем број музички имиња, бендови и диџеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот