Голема ретроспективна изложба на дела изведени во јавен простор на хрватскиот уметник Игор Грубиќ во МСУ

Голема ретроспективна изложба на дела на хрватскиот уметник Игор Грубиќ денеска во МСУ

Вечерва во Музејот на современа уметност во Скопје беше отворена голема ретроспективна изложба на дела изведени во јавен простор на хрватскиот уметник Игор Грубиќ.

Насловена како „Гестови на активација – дела во јавен простор“, големата самостојна изложба на Игор Грубиќ ќе претстави ретроспективен поглед на творештво на уметникот, дела создадени во повеќе медиуми од крајот на деведесеттите години до денес.

Неговите дела, од минимални гестови во форма на текст, фотографија или перформанс, до проекти што имаат вон-уметнички цели, ќе бидат поставени во МСУ, велат од музејот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот