Голема полициска акција во Хрватска: уапсени 40 луѓе поврзани со трговија со дрога

Повеќе од десетина лица се уапсени денеска во заедничка акција на полицијата и УСКОК спроведена низ Хрватска, организирана под сомнение дека се вмешани во меѓународна трговија со дрога.

Полициски службеници на Националната полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (Служба во Загреб) и полициската управа Сплит-Далмација, во координација со Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал, од утрово спроведуваат две меѓусебно поврзани операции на подрачјето на повеќе полициски сектори, соопшти Управата на полицијата.

Во акциите биле опфатени повеќе од 40 лица поврзани со кривично дело злоупотреба на дрога. Неофицијално, меѓу приведени се сопственик на ноќен клуб, шампион во кик бокс и дилер од Корчула.

На подрачјето на полициските управи на Сплит-Далмација, Загреб, Приморско-горанска, Истра, Шибеник-Книн, Задар и Дубровник-Неретва се спроведуваат итни доказни дејствија, а во акциите учествуваат 250 полициски службеници од повеќе гранки на полицијата.

Според хрватските медиуми, осомничените биле откриени преку комуникација на „Апликацијата Sky ECC“.

Осомничените се поврзани со таканареченото „западнобалканско крило“ на меѓународниот нарко картел.

Поради потенцијална опасност и можност некои осомничени да се вооружени, во акцијата учествувале и специјални и интервентни полициски сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот