Хрватска полиција/ Фото: Профимедиа

Голема акција во Хрватска: Уапсени членови на криминална група која правела лажни документи за земунскиот клан

Во раните утрински часови полицијата ширум Хрватска започна со реализација на големата акција за разбивање на криминална група која изработувала лажни документи, пренесува хрватски „Индекс“.

Документите се изработувани за некои од најопасните криминални групации во Европа. Уапсени се околу 30 луѓе, а апсењето се спровело на подрачјето на Загреб, Карловац, Задар, но и други градови.

Постојат сомненија дека припадниците на оваа група од Хрватска набавувале и изработувале оригинални пасоши за српскиот „земунски клан“, како и припадници на црногорските „шкаљарски“ и „квачански клан“.

Станува збор за групации со кои се поврзува со повеќе од десет мафијашки ликвидации на неколку континенти.

Синхронизираните апсења се направени за неколку лица кои се сметаат за многу опасни.

„Индекс“ пренесува дека Н.С.(49), човекот за кој полицијата се сомнева дека е шеф на групата, утринава е уапсен во Хрватска.

Според неофицијални информации, уапсени се и неколку полицајци за кои постојат сомненија дека на припадниците на груапта од полицискиот информативен систем откривале податоци за индентитетот на хрватски граѓани кои би биле погодни на нивното име да се изработат лажни хрватски документи.

Исто така, неофицијално се дознава дека полицијата и Државното обвинителство ја планирале оваа акција веќе една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот