Протест во Подгорица ФОТО/Принтскрин Ал Џезира

Голем протест во Подгорица – граѓаните незадоволни од доделувањето на највисоката државна награда во Црна Гора

Голем број граѓани вечерва протестираат пред вилата „Горица“ во Подгорица, каде што ќе бидат доделени наградите „Тринаесетти јули“, највисокото државно признание во Црна Гора.

Како што пишува Н1 телевизија, повикувајќи се на црногорските медиуми, полицијата ја спречила толпата да стигне до вилата со употреба на спреј, а интервентната единица употребила и сила.

Полицијата не му дозволува на Данило Маруновиќ, член на жирито за доделување на наградата Тринаесетти јули, да помине кон вилата „Горица“, бидејќи, како што наведоа, тој ги повикал граѓаните да го пробијат кордонот.

Екипите за итни случаи им пружаат помош на граѓаните кои се жалат на задушување и иритација предизвикана од бибер спреј, но толпата не се распрснува.

Наградите Тринаесетти јули им беа доделени на писателот Беќир Вуковиќ, графичкиот уметник Вељо Станишиќ и светски познатиот класичен гитарист Милош Карадаглиќ, кој објави дека „под овие околности“ одбива да ја прифати.

Протестот беше организиран поради одлуката на жирито да му ја додели наградата на Вуковиќ, кој е познат по негирањето на црногорската нација и величењето на четничкото движење од Втората светска војна.

Претседателот на Либералната партија, Ватрослав Белан, рече дека дошол на протестот за да го изрази својот револт и гнев затоа што во наводно антифашистичка Црна Гора, граѓаните мора да се борат за да спречат шовинистите, кои тврдат дека не постои црногорска нација, да ја добијат Тринаесеттата јулиска награда.

Протестот го организира Стратегијата за европска и граѓанска Црна Гора, бидејќи, според нив, годинава е прекршен законот за доделување на Тринаесеттата јулиска награда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот