Голем пожар над Батинци, Ангелов вели дека е подметнат

Пред малку изби холем пожар на отворен простор над скопското с. Батинци, зафати трева, грмушки и мешана шума. Поради ветрот пожарот се шири со голема брзина.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вели дека скопската БППЗ работи на гаснење, набргу ќе пристигне на местото зафатени со пожар.

– Два пинцгауери на ДЗС како и хеликоптерот на МВР,  а нешто подоцна ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС- вели Ангелов.

На лице место е и директорот на ЦУК Мухамед Али. Според првичните информации од надлежните, се работи за подметнат пожар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот