Протест на студентите пред Собрание/Фото: Слободен печат/Мето Здравев

Годишниот извештај за работата на Народниот правобранител на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем

На дневен ред на собраниската Комисија за политички систем денеска е Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2022.

Извештајот беше презентиран минатиот месец од страна на Народниот правобранител Насер Зибери. Според податоците, детските права, правосудството, граѓанските состојби, потрошувачките права… се дел од областите во кои има констатирано најмногу повреди во 2022 година.

Соглaсно законските одредби, Зибери го достави Годишниот извештај до Собранието на Република Северна Македонија.

Властите во наредниот период, како што истакна Зибери, треба сериозно да се ангажираат за да се донесат законски измени, некои да се допрецизират, или да се изнајдат системски решенија, се со цел на граѓаните да не им се прекршуваат нивните права.

Пратениците треба да го разгледаат и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија, во второ читање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот