
„Го живеев сонот“: Жена се породила на концерт на „Металика“
Млад брачен пар од Куритиба, Бразил, има неверојатна приказна за раѓањето на нивното второ дете.
Препорачано
Како љубители на рок музиката, Џејми и Ел Хант пред да им се роди нивното прво дете, често оделе на музички концерти и настапи. Тие се во брак 17 години, а заедно држат студио за тетовирање во Бразил.
Но, по раѓањето на нивната прва ќерка Летиција, како и почетокот на ковид-пандемијата, присуството на таквите музички настапи значително се отежнал.
Тие во 2020 планирале да одат на концерт на познатиот рок бенд „Металика“. Откако дознале за таквиот концерт, тие веднаш ги купиле картите. Но, поради тогашните ковид-мерки во Бразил, концертот бил откажан.
Да ги слушаме „Металика“ во живо за нас е сон, раскажува Ели за „Гардијан“.
Две мачни години во пандемијата поминаа, а семејството Хант лани доби среќна вест, тие очекуваат уште едно дете.
На социјалните мрежи потоа беше објавено дека концертот на „Металика“ е презакажан за во мај 2022 година.
„Кога дознавме дека концертот е презакажан, веднаш се израдувавме. Но, подоцна се сетив, ќе бидам во 39-тата недела од бременоста на концерт на „Металика“, вели Ел.
Кога биле на контрола кај нивниот лекар, Ел го прашала докторот дали ќе биде во ред ако оди на концертот, по што тој ја советувал дека нема да има проблем доколку биде седната.
Така тие решиле да заминат на концертот и да си го остварат сонот.
„Кога пристигнавме пред стадионот, бев супер, ништо не чувствував. Почнав дури да плачам од што бев радосна што ќе ги слушам „Металика“ во живо. Но, само што излегоа на нивниот настап, почнав да чувствувам контракции“ раскажува Ел.
Загрижен за неговата сопруга, Џејми побарал помош од обезбедувањето. Тие збунети, не знаеле како да помогнат, па откако и се влошила состојбата на Ел, тие решиле да ја однесат кај медицинскиот тим кој бил на концертот.
Од обезбедувањето првично сакале да се јават на амбуланта, но бебето веќе било извадено од страна на медицинскиот тим.
Бебето се родило токму кога бендот ја свирел последната песна. Потоа Ел заедно со бебето била пренесена во болницата.
Ел оваа приказна ја раскажа за британски „Гардијан“.