Каја Гербер, Луис Пулман - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Го замени Остин Батлер со него: Каја Гербер се појави со новото момче во Венеција

Ако љубовта меѓу другото е и чин на алтруизам, тогаш Каја Гербер е совршен пример за тоа. Имено, актерката и манекенка, ќерка на легендарната двојка Синди Крафорд и Ренди Гербер, последните денови предизвика големо внимание со своето појавување во Венеција.

Многумина очекуваа нејзин спектакуларно појавување на црвениот тепих на Венецијалнскиот филмски фестивал за филмот „The Testament of Ann Lee“ на режисерката Мона Фастволд, во кој главната улога ја има нејзиното ново момче, актерот Луис Пулман, заедно со Аманда Сејфрид.

Но наместо тоа, Каја одлучи да се повлече и да му остави простор на Луис, главната ѕвезда на денот. Таа пристигна со него, но не се појави на црвениот тепих, туку остана на страна,  снимајќи го овој значаен момент со својот телефон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WHOOPSEE (@whoopsee.it)

Иако не во прв план, нејзиното присуство не остана незабележано. Каја избра црна комбинација на фустан во која изгледаше неверојатно. Целиот изглед беше заокружен со црни салонки, елегантна клач-торбичка и очила за сонце со . Модниот избор, потпишан од „Живанши”, уште еднаш потврди дека Каја знае како да плени, дури и кога сака да остане во сенка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот