Фото: илустрација / Марија Вељановска

Улични кучиња нападнале кичевчанец, тој паднал и тешко се повредил

Жител на Кичево е тешко повреден откако го нападнале кучиња-скитници, а притоа паднал, соопшти МВР.

„На 04.06.2023 во 23.20 часот во Полициската станица Кичево, Б.М.(34) од Кичево пријавил дека на улица „Јанко Михајлоски” во Кичево бил нападнат од кучиња скитници, по што паднал“, велат од полицијата.

Тој бил пренесен во болницата во Кичево, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот