
Глобалното затоплување ќе ја остави Европа без лосос, маслиново масло, хумус и гауда
Со секоја измината година, човештвото сè повеќе ги чувствува ефектите од климатските промени. Екстремното време веќе има последици врз синџирите на исхрана и луѓето се навикнаа да слушаат чести предупредувања за опасност во залихите на основните култури како кафе и какао. Сепак, глобалното затоплување е на пат да стане главниот виновник земјите да изгубат и некои од нивните традиционални јадења. Една од нив е Холандија, чие сирење гауда е во опасност од исчезнување, пишува „Њујорк тајмс“. Причината за тоа е истоимениот регион во кој се произведува гауда, бидејќи овој производ не може да ги издржи климатските промени и наскоро продавниците може да останат без залиха.
Препорачано
„Не очекувам да има сирење гауда за 100 години“, коментира проф. Јан Ротманс од Универзитетот Еразмус во Ротердам. Тој објасни дека „ако земјата потоне и кравите исчезнат, сирењето ќе мора да доаѓа од источниот дел на земјата и повеќе нема да постои гауда“. И белите тартуфи традиционално го сакаат студот и влагата, а поради зголемените температури нивното живеалиште е загрозено, објави „24Часа.бг“.
Исто така, тие обично се собираат помеѓу октомври и јануари, но климатските промени го скратуваат овој период. Излегува дека Медитеранот е еден од најпогодените региони во светот од затоплувањето – покрај Италија, Грција и Шпанија ќе загубат и дел од нејзината препознатлива храна.
За годинава Грција пријави пад на 90% од уловот на школки. Тоа се должи на топлотниот бран од над 30 степени на водата во Солунскиот залив. Поради жештината, повеќето од школките угинаа.
Се очекува Шпанија, која е светски лидер во производството на маслиново масло да забележи пад на овој производ за 50%. Ова исто така може да влијае сосот aјоли, традиционален во Валенсија и Каталонија, кој е направен од маслиново масло, како и истоименото јадење, во кое во сосот се додаваат ракчиња. Се очекува растот на температурите и сушата да ја погодат и омилената закуска на Турција – хумусот. Според истражувачите земјата е во најголем ризик за наутот, од кој се прави хумус, а глобалните култури се очекува да претрпат загуби од 50%. Научниците велат дека наутот ја изгубил својата генетска разновидност пред повеќе од 10 илјади години, што значи дека е помалку отпорен на екстремни временски услови и феномени. Сушата може да ја лиши Франција и од познатиот сенф Дижон.