Фото: Pexels

Глобалната потрошувачка на пиво се намалува

Глобалната потрошувачка на пиво се намалува, што е лоша вест за Франција, која самата произведува 30 проценти од сладот ​​во светот, објавија денес француските медиуми, нагласувајќи дека Франција сè уште има намера да ја задржи својата водечка позиција на пазарот како најголем извозник на основната состојка за производство на пиво.

Како што објави француската БФМ телевизија, Франција произведува 30 проценти од светскиот слад и е водечки извозник во светот речиси 50 години, со 14 фабрики и три главни производители во земјата.

Во најголемата фабрика за слад во Франција, годишно се преработуваат 275.000 тони од оваа клучна состојка, која потоа се транспортира со брод до пиварници во Северна Европа, Азија и Африка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот