Глен Пауел и Сидни Свини во филмот „Секој освен ти“ („Anyone But You“) / Фото: Fifty-Fifty Films Olive Bridge Entertainment Roth-Kirschenbaum Films Sony Pictures Entertainment (SPE) - Album / Album / Profimedia

Глен Пауел ги искоментира гласините за врската со Сидни Свини: „Сè е во тајмингот“

Холивудскиот актер Глен Пауел неодамна гостуваше во подкастот „Today with Jenna & Friends“, каде што се осврна на шпекулациите дека е во љубовна врска со колешката Сидни Свини. Гласините се појавија откако двајцата беа забележани заедно на свадбата на неговата сестра Лесли.

Во разговорот со водителката Џена Буш Хагер, Пауел со насмевка коментираше дека фотографиите кои привлекоа внимание на јавноста се резултат на одличниот однос меѓу неговата сестра и Свини.

„Знаете, сè е во тајмингот. Лесли и Сид се многу добри пријателки, свадбата беше феноменална“, изјави актерот, додавајќи дека станува збор за весело семејно собирање.


По бројните шпекулации, на темата се огласи и мајката на Глен, Синди Пауел, која во изјава за странски медиум категорично демантираше дека нејзиниот син и Суини се пар.

„Тие дефинитивно не се заедно. Ја сакаме Сидни, таа е прекрасна девојка и добра пријателка на нашето семејство. Сите бевме заедно на свадбата, долго време ја немавме видено и навистина уживавме во нејзиното друштво“, изјави таа.

Во меѓувреме, се појавија информации дека Свини ја раскинала свршувачката со Џонатан Давино. Според странски извори, парот поминува низ криза и одлучил привремено да го откаже венчањето.

„Сидни и Џонатан имаат сериозни проблеми, но сè уште не раскинале целосно. Работите не се најдобри во моментов, но не се откажуваат. Се обидуваат да ја спасат врската, но венчањето засега е одложено“, изјави близок извор.

Се шират гласини дека Сидни Свини е во врска со колегата Глен Пауел: Неговата мајка ја откри вистината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот