Орце Ѓорѓиевски / Фото: Методи Здравев / Слободен печат

Ѓорѓиевски за Бутел најави кружен тек, реконструкција на улици, „оживување“ на Серава, мега парк…

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска од Бутел најави низа капитални проекти за општината, меѓу кои изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, пробивање на нови улици и мега парк.

„Кружниот тек е дел од стратегијата за уредување на 50 критични крстосници низ Скопје, со цел зголемена безбедност и ред во сообраќајот. Сакаме град со нула фатални несреќи до 2030 година“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој исто така вети целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, вклучувајќи нов асфалт, пешачки патеки, осветлување и атмосферска канализација како решение за поплавувањата.

„Планирано е и поврзување на „Бутелска“ со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, со што ќе се намали метежот и ќе се подобри пристапот кон Бутел“, рече Ѓорѓиевски.

Останатиот дел од најавените проекти се реконструкција на Стар Качанички пат и развојот на Економската зона Визбегово, а на урбанистички план, нов модерен мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, со зелени површини, детски и спортски содржини, информираше тој.

Ѓорѓиевски најави и, како што вели,  ревитализација на реката Серава со уредени зелени коридори, велосипедски и пешачки патеки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот