Орце Ѓорѓиевски во посета на Чаир / Фото: Фејсбук

Ѓорѓиевски: Чаир беше запоставен, во следниот мандат тоа нема да се повтори

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во рамки на изборната кампања, вчера се сретна со жителите на општина Чаир.

– Вечерва сум меѓу моите чаирчани, вистински домаќини кои сакаат и заслужуваат подобар живот во Скопје – порача Ѓорѓиевски во обраќањето пред граѓаните.

Тој ја претстави својата визија за Скопје, истакнувајќи дека не се бега од проблемите, туку се нуди храбро соочување со нив и реални решенија.

– Проблемите се големи, но решенија постојат и ние ги имаме. Ви ветувам дека ќе работиме посветено и деноноќно, без изговори, за Скопје повторно да стане достоинствено место за живеење – рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека Чаир во изминатите години бил запуштен и запоставен, но дека тоа нема да биде случај во следниот мандат.

– Подавам рака на сите, затоа што Скопје е наш заеднички дом. Заедно ќе го изградиме градот каков што навистина го заслужуваме – порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот