Орце Ѓорѓиевски, „Визија за Скопје 2025–2045“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Ѓорѓиевски со голема визија за Скопје: Ја откри својата програма која треба да се оствари до 2045 година

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја промовираше својата „Визија за Скопје 2025–2045“, која се темели на седум клучни столба.

Тој го повтори своето ветување дека во првите 72 часа ќе почнат активности за позитивни промени на главниот град.

– Ветив дека во првите 72 часа откако ќе го преземам местото градоначалник на Скопје ќе започнеме со активност каде ќе се вклучат сите општини. И за 72 часа, Скопје ќе блесне. Тоа е она што нѐ мачи изминатиот период и изминатите години. Скопјани заслужуваат чист град – рече Ѓорѓиевски.

Орце Ѓорѓиевски, „Визија за Скопје 2025–2045“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Тој додаде дека е спремен да не се штеди и да се вложи до последниот атом.

Седумте столба на програмата

Ѓорѓиевски нагласи дека неговата програма опфаќа: одржлив урбан развој во следните 20 години, заштита на животната средина и биодиверзитетот, целосна комунална обнова, враќање на културниот идентитет на градот, дигитална трансформација и паметни решенија, Скопје како град на младите и науката и јакнење на јавната грижа и безбедноста.

Орце Ѓорѓиевски, „Визија за Скопје 2025–2045“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Тој додаде дека модерните европски метрополи имаат долгорочни стратегии, наведувајќи го примерот на Виена со визија за 50 години однапред.

– И Скопје мора да размислува и да планира на исто ниво – рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека ја гледа метрополата како зелен, поврзан и отворен град со јавни простори што им припаѓаат на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот