Таткото на Вања Ѓорчевска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Ѓорчевски го повика Палевски да стане и да ја каже вистината во две реченици:„Зошто ми е убиена Вањичка“

Таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски побара одговор од Љупчо Палевски зошто му е убиена ќерката. Тој го повика Палевски да стане и да ја каже вистината во две реченици.

„Во текот на процесот, цело време мижам, но внимателно го слушам секој збор. Сега, како што се приближи процесот кон крај, имам чувство на непотполност во поглед на вистината, која очекував да ја дознаам. Еден од обвинетите го посочи Палевски како човек кој ги има одговорите на сите прашања. Токму поради тоа, и само од тие причини, му се обраќам на Палевски, кој уште останува да даде завршен збор – нека стане, нека се поклони и не во саат и 20 минути, туку во две реченици нека ја каже вистината, зошто ми е убиена Вањичка“, рече Ѓорчевски.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ побара Ѓорчевски да биде ослободен од обвинението за помагање во грабнувањето на неговата ќерка. Тој повика да се признае вистинската улога на Александар во овој случај – не како сторител, туку како оштетен и како жртва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот