фото: mtftennis.mk

Ѓорческа се пласираше во осминафиналето на турнирот во Словенија

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во третото коло на турнирот во Словенија (Оточец) кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа немаше проблеми и за еден час игра ја совлада словенечката тенисерка Пиа Ловриќ со 2:0 во сетови. Во двата сета македонската тенисерка беше подобра со по 6:4.

Во следното коло на турнирот на кој е седма носителка Ѓорческа ќе се соочи со подобрата од дуелот помеѓу Сузан Леменс и Лавини Танасие.

Ѓорческа во последниот период игра во добра форма, а доказ за тоа е и последниот напредок на ВТА листата за осум позиции, сега се наоѓа на 252. место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот