Фото: mtftennis.mk

Ѓорческа напредуваше девет позиции на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со одличните настапи и петта недела по ред бележи напредок на ВТА ранг-листата. Благодарение на четвртфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања, таа скокна девет позиции и од денеска се наоѓа на 198. место – со што по подолго време се врати меѓу најдобрите 200 тенисерки во светот.

Ѓорческа требаше да настапи на турнирот во бугарскиот град Пазарџик, но го откажа учеството и ќе земе кратка пауза по интензивниот период.

На врвот на ВТА листата нема промени – Арина Сабаленка и понатаму води, но Ига Швјонтек ја намали разликата за 500 поени по освојувањето на титулата во Сеул.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот