Фото: mtftennis.mk

Ѓорческа фуриозно во Романија: Загуби само два гема и обезбеди четвртфинале

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја оправда фаворитската улога во денешниот меч од второто коло на турнирот во Слобозија, Романија што се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Таа како трета носителка без поголеми проблеми ја совлада домашната тенисерка Бјанка Барбулеску со 2-0 во сетови (6-2 6-0) за 65 минути игра. Мечот беше изедначен само на почетокот и резултатот 2:2 во гемови во првиот сет. Од тој момент до крајот на сетот македонската тенисерка направи серија од десет гемови.

Првиот сет го заврши со 6-2, а вториот со максимални 6:0.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против тенисерката од Хрватска Луција Ќириќ Багариќ, која оствари победа денеска со 2-0 во сетови (62 63) против Миа Ристиќ од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!