фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Ѓоковиќ за мирисот на марихуана на САД Опен: Се чувствува многу, повеќе од било каде на друго место

САД Опен, последниот грен-слем турнир во тениската сезона, полека влегува во главната фаза, но покрај тениските пресметки, големо внимание привлекува и мирисот на марихуана на терените, кој, според дел од тенисерите, се чувствува буквално на секој чекор.

Прв со реакција беше Каспер Руд, кој изрази незадоволство од ситуацијата, а сега за ова зборуваше и Новак Ѓоковиќ.

„Се чувствува, не може да се каже дека не се чувствува. Искрено, се чувствува повеќе отколку на кое било друго место! Некому му пречи повеќе, некому помалку,  јас не сум љубител на тој мирис, всушност смрдеа. Но, тука е дозволено и едноставно мораш да го прифатиш тоа. Се чувствува и на тренинзи и на мечевите… Таква е ситуацијата“, изјави Ѓоковиќ на прес-конференција во Њујорк, одговарајќи на прашања од новинарите.

Алкараз експресно до трето коло на САД Опен, изгуби само четири гема

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот